Нексе, Магдебург, Бенфика и Висла Плоцк се четирите екипи што годинава ќе играат на Фајнал фор турнирот во Европската лига.
Нант за кого последните натпревари во играчката кариера (барем на ова ниво) ги игра и Кирил Лазаров, не успеа да направи подвиг во Магдебург и да се пласира на „Ф4“. Напротив, Германците доминираа низ натпреварот, во еден момент водеа и со 25-17, но Французите имаа импресивна серија во обидот да направат пресврт и анулират шест гола.
Нексе, веројатно најпотценетиот тим и неодамна желба на голем дел на навивачи на Е. Пелистер е на Фајнал фор, Откако со пет гола дома го совладаа ГОГ, на гости одиграа нерешено и ги елиминираа Данците. Во одбрана на скандинавците ќе споменеме само дека имаат проблеми со повреди, а отсуството на Матијас Гидсел никако не можеа да го надополнат.
Бенфика и Висла Плоцк без проблеми се дошетаа до завршниот турнир. Плоцк беше и кандидат за домаќин на турнирот, но се откажаа затоа што не им е исплатливо да организираат турнир по сите стандарди што ги наметнува ЕХФ, а притоа да не можат да рекламираат ниту еден свој спонзор, туку сите маркетинг права се на ЕХФ.
РЕЗУЛТАТИ 1/4 ФИНАЛЕ
ГОГ - НЕКСЕ 37-37 (27-32)
ГОРЕЊЕ - БЕНФИКА 27-27 (29-36)
МАГДЕБУРГ - НАНТ 30-28 (28-25)
ВИСЛА ПЛОЦК - КАДЕТЕН 35-22 (33-31)