Кореја прв пат со европски селектор

Некогаш беа светска ракометна сила и во машка и во женска конкуренција, Нивниот стил не одговараше никому, а и години подоцна дури и најбрзите европски екипи, не можат да се наттрчуваат со нив. Јужна Кореја, наскоро ќе објави дека има нов селектор - прв пат од Европа. 



Кореја (ќе) има нов селектор, а тој за прв пат доаѓа од Европа. Не е Шпанец. Португалецот Роландо Фреиташ (57) е човекот што ќе ја предводи корејската репрезентација во следниот период. 

Роландо Фреиташ цели 11 години беше селектор на Португалија (2005-2016), Прво ја водеше јуниорската, а потоа од 2011 и сениорската репрезентација. 
Откако заврши со мандатот, ја презема накратко екипата на Акваш Санташ, а паралелно почна да работи како кооридинатор во машките репрепрезентации на Израел. Вчера се збогуваше со Израелците, наскоро очекуваме потврда дека ќе стане селектор на Јужна Кореја. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk