ИХФ на мака: Требаат 32 тима за СП Македонија

Бразил, Аргентина и Уругвај обезбедија пласман на кадетското СП Македонија, но далеку е бројката од 32 учесника што треба да дојдат во Скопје во јули. 




Бразил, Уругвај и Аргентина се трите претставника на Јужна Америка што во јули ќе допатуваат во Скопје. Тие се најдобрите селекции од Квалификацискиот турнир на кој учествуваа уште и Чиле и Парагвај. 

Со тоа бројката на репрезентации стигна до 23 репрезентации што се пласирале на СП. Квалификации треба да се играат само уште во Океанија (1 претставник), ИХФ Трофеј на Северна Америка и Кариби (2 претставника) и ИХФ Трофеј Меѓународен турнир (1 претставник). Се да мине како треба, ќе дојдеме до бројка 27 репрезентации. 

ИХФ треба да најде уште пет учесника. 

Од ЕХФ Еуро што се играше во Црна Гора веќе се пласирани 13 екипи од вкупно 16, а Русија е елиминирана. Без пласман се само Словачка и Австрија, а Словенија ја замени Грузија која се повлече од организацијата на СП. 
Можеби некои екипи од турнирите ЕХФ Шампионатите во Тбилиси и Клаипеда би биле добредојцени за пополнување на бројот на учесници. 
Мундијалот би можел да стане прилично егозтично натпреварување доколку ИХФ реши да подели покани во Африка и Азија. Во Африка во случајов покана по редослед би дошла за Гамбија, Сиера Леоне и Гвинеја. 
Во Азија, за Узбекистан, Индија и Сирија. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk