Какви засилувања доаѓаат во Битола и Вардар?

Веќе се гледа крајот на сезоната, го гледаме шампионскиот пехар со бројот 15 во витрините на Вардар (иако има да одработи на уште три натпревари без право на кикс), а веќе е познато и во најголем дел и кои играчи заминуваат, а кои доаѓаат во Битола. За Вардар повеќе се знае кој заминува.



Најавените трансфери, очекувањата за тоа какви ќе бидат екипите во следната сезона допва ќе дојдат на дневен ред и низ медиумите. Сезоната е веќе пред крај во сите шампионати и пребаравме малку низ првенствата на Франција и Германија за да видиме каква сезона играат играчите што следната сезона ќе ги видиме во Македонија. 

Статистички најдобро минува новиот голман на Еурофарм Пелистер, Словенецот Урбан Лесјак. Тој има процент на 25% одбранети удари или 153 одбрани на 24 меча на кои се појавил во Бундес лигата. За да ја појасниме статистиката ќе додадеме и дека главно бранел меѓу 40 и 50 минути, но има и натпревари на кои бил само 10 минути на голот или помалку од едно полувреме. 

За Русинот Денис Василев сезоната во ЛШ заврши со почетокот на конфликтот во Украина. Дотогаш имаше 27 гола за Мотор Запорожје. Сега се пресели во екипата на Динамо Астрахан и таму ја одржува формата до доаѓањето во Македонија. 

Осама Хосни, тунискиот десен бек настапува за екипата на Истр од Франција, претпоследни се во првенството. Има постигнато 34 гола сезонава од 66 обиди. Но, Осама Хосни имаше и голема пауза, има пропуштено осум натпревари на почетокот на сезоната. 

Бројките зад Вилсон Дејвис, новиот плејмејкер на битолчани не се импресивни. Тој игра за Иври, лидерот на Про лига и веројатно новиот член на елитата. Нема гол на последните четири натпревари за Португалецот, а Французите за цела сезона му имаа избројано само две асистенции и вкупно 13 гола на 21 натпревар на кој бил во составот. 

Ако и се верува на статистиката на Лидл Стар лигата и Руди Сери, ракометарот на Сесон Рен не игра сезона од соништата. Нема гол на последните два натпревари, а вкупно има потигнато само 10 погодоци збогатени со две асистенции. 

Ѕирнавме и што има зад името на единственото засега најавено ново име во Вардар - Нејц Цехте, од Словенија, соиграч на Филип Кузмановски во Хановер. Тој има постигнато 45 гола во Бундес лигата и има 41 асистенција од позицијата десен бек.З
За споредба, Филип Кузмановски, пак, има постигнато 73 гола (73 гола има постигнато и Жарко Пешевски) и има 36 асистенции. 

Статистиката на новите играчи е таква каква што е, може но и не мора да значи дека ќе биде така и во Битола или во Скопје. Впочем имавме можност да го видиме и Анте Кудуз кој во Вардар дојде како најдобар стрелец на Динамо Букурешт во ЛШ (61 гол), а имаме можност да го видиме и Куни Моралес кој во Вардар дојде од Данкерк со 29 постигнати гола на 28 натпревари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk