Пројде украинска гологота, стигна до Шпанија и се повреди...

Хрватскиот десен бек Лука Шебетиќ има сезона од кошмарите зад себе. 



Хрватскиот бек Лука Шебетиќ неодамна влезе во центар на вниманието откако раскажа за својата голгота, патот од Запорожје до украинската граница со Полска на самиот почеток на војната. 

Шебетиќ сезоната ја продолжи во Шпанија, но лошата среќа не остана позади. Тој потпиша за екипата на Нава и на првиот меч што го одигра, против Бидасоа се повреди. 
Повредата е од таков карактер што тој можеше да остане во екипата и да настапи на некој меч до крајот на сезоната, но се предомисли и го раскина договорот со шпанскиот тим и се врати назад во Хрватска. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk