Томислав Јагуриноски, десниот бек на македонската репрезентација, потпиша договор со екипата на Пролет.
Јагуриноски сезоната ја почна во Вардар, ја заврши во исландскиот второлигаш Тор. Пред два дена заврши авантурата на островот, а Пролет беше најбрз и успеа да договори трансфер за кој веруваме заинтересирани би биле и други екипи.
„Презадоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на Јагуриновски, македонски репрезентативец со кого ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси Јагуриновски низ неговата кариера“, изјави директорот на РК Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.