Бутел Скопје завери место во Европска лига

Со победата над Охрид од 19-17, скопскиот тим Бутел Скопје практично го освои третото место во домашниот шампионат и обезбеди учество во Европската лига следната сезона. 


На три кола до крајот на шампионатот, Бутел Скопје има 15 бода или седум повеќе од екипата на Еурофарм Пелистер 2, која е на четвртото и девет повеќе од тимот на Тиквеш кој во моментов е на петтото место. 
До крајот на првенството има уште 9 бода во оптек, но Еурофарм 2 и Тиквеш имаат дуели со Вардар. Во стуација кога Вардар мора да победи за да ја потврди шампионската титула, можеме без многу страв дека ќе погрешиме да објавиме дека третото место на крајот ќе му припадне на тимот што од клупата го води Кристијан Грчевски. 

Македонија следната сезона ќе има една екипа во ЛШ и три во Европската лига, што значи дека и четвртото коло води во квалификациите за Европската лига. 
Еурофарм Пелистер 2 и ГРК Тиквеш ќе водат жестока битка за тоа место. Битолчани во моментов имаат два бода плус, но ракометарите на Горан Андоноски имаат полсесен распоред. Сеедно, нема да смеат да направат грешка на дуелите со Бутел и Охрид за да верификуваат пласман во Европа следната сезона. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk