Вардар вози кон 15 титула

Е. ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР  23-26 (11-11)
Е. Пелистер: Секели, Ивановски, Мараш 3, Ојлески, Маркоски 2, Маџовски, Кукуловски, Мандалиниќ 3, Танкоски 2, Радовиќ 1, Котески, Божиќ 2, Граџан 4, Обрадовиќ 5, Табоада, Кизиќ
Вардар: Томовски, Петров, Стоилов 3, О. Њокас, Моралес 9, Георгеивски 3, Карапалески, Диало, Савревски, Тото, Талески 6, Дибиров 3, Додиќ 2, Мишевски, Ѓукиќ

Вардар го врати брејкот и одново е лидер на табелата, но сега со бришан простор пред себе кон 15 шампионска титула. 



Сосема извесно, нов шампион или старо-нов шампион на Македонија ќе биде екипата на Вардар. Битолчани кои чекаат на пехар од 2005 година, сега имаа реална шанса, но се скршија под притисокот. Вардар победи на клучното дерби, во битолскиот пекол и залужено го има на дофат на рака пехарот.

Дејвис до 15 титула го однесе Вардар со бековската линија Талески - Карапалески/Додиќ - Моралес. Голема одговорност на која во целосно одговорија шутерите. Македонскиот репрезентативец и Кубанецот беа нерешливата задача за битолсаката одбрана, особено кога на линијата беше Стоилов. 
На спротивната страна без Периќ и со Табоада кој веројатно поради повреда беше во улога на статист, Бабиќ не можеше да најде вистинско решение. Потфрлија неговите играчи колективно, немаа перјаница, а Мандалиниќ од кого се очекуваше најмногу, вечерва не можеше да го испорача очекуваното.

Премногу грешки направија домашните ракометари и со тоа ги поништија и тие добро моменти што ги имаа и како одбрана и Секели на голот. Вардар во овој сегмент беше поискусен, потрпелив и искористи доволно за средбата да ја прекрши во клучниот момент. 
На седум минути до крајот Пелистер поведе 22-21, но потоа Вардар доминираше, направи серија од 4-0, поведе со 25-22 и без преголеми возбудувања во поглед на резултатот стигна до победата. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk