Е. Пелистер и Вардар играат за нов шампион!

Вечерва од 19:00 часот во Битола почнува големата пресметка меѓу предизвикувачот Еурофарм Пелистер и бранителот на титулата Вардар 1961. Победникот, речиси сигурно ќе стане нов шампион на Македонија. 




Пред неколку години незамисливо, но се сменија времињата и сега е реалност. Македонија би можела да добие нов ракометен шампион и следствено претставник во Лигата на шампионите наредната сезона. 

Вечерва во Битола се среќаваат Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Битолчани имаат два бода предност на табелата и денеска им одовара и нерешено за да ја зацврстат својата позиција на табелата. Но, несериозно е да се отпише, па дури и во улога на аутсајдер да се стави Вардар. 
Црвено-црните еднаш останаа непоразени во Битола сезонава, а и тоа е показател дека и денеска сите сценарија се отворени. 

Вардар имаше проблеми со повредени играчи, не ги гледавме Чувара, Дибиров, а и Стоилов се повреди на последниот меч, но ги очекуваме вечерва на теренот. Битолчани исто така низ целата сезона имаа проблеми со повредени ракометари, ќе го видиме и нивниот состав за најважниот натпревар. 

Билетите за натпреварот се продадоа во рекорден рок, трибините ќе бидат преполни, а во Битола ќе има 100-150, можеби и повеќе, навивачи на Вардар од Скопје. Судии на натпреварот ќе бидат судиите што го судеа финалето на последните Олимписки игри, Начевски и Николов, па веруваме дека арбитражата нема да биде нешто за што ќе зборуваме по натпреварот. 

Двата тима се согласија дербито да се игра празнично, на 1 мај. Од една страна, празнично, неработни денови, услов за повеќе гледачи и на трибини и пред ТВ. Од друга страна, празнични софри традиционално залиени и со некоја капка плус, па се надеваме дека се ќе заврши мирно. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk