Aеродром и Куманово во суперлигашки ритам

Денеска се игра првиот меч од вториот круг од Плеј оф во Првата лига. Алкалоид веќе обезбеди пласман во Супер лига, блиску до такво остварување е и Голден Арт, но се заоструга трката за последното место што ќе води во елитата. 



Крахот на Металург доведе до сутуација сезонава од Прва во Супер лига да се пласираат пет екипи. Битката добиви интензитет, а откако се формираше Плеј оф, фаворитите од групата „А“ почнаа да го губат чекорот. 

Алкалоид е математички суперлигаш веќе две кола, а вечерва игра нов дерби меч, во Автокоманда“, против екипата на Вардар Неготино. 
Голден Арт го пречекува Младост Богданци, Аеродром игра со Работнички, а Куманово со Јехона. 

Реално е да се очекува, по ова коло, Аеродром и Куманово да го минат тимот на Младост Богданци на табелата. А Младост е на петтото место, последното што води кон Супер лига. 
Младост Богданци беше фаворит за пласман во повисок ранг, во Плеј оф влезе како второпласиран од групата „А“, но сега е прашање дали воопшто и ќе успее да го одбрани петтото место, со оглед на тоа дека му претстои уште еден дуел со Алкалоид, а треба да игра и Јуниор, Аеродром, Куманово... 

Денеска играат
12:30   Голден Арт - Младост
12:30   Јуниор КВ - Драчево
16:30   Аеродром - Работнички
18:00   Куманово - Јехона
19:00   Алкалоид - Вардар (Н)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk