Се формира руско-бeлоруска лига

Русија и Белорусија ќе формираат заедничка регионална лига, а можно е да има и учесници од Кина во ова натпреварување.




Русија и Белорусија ќе формираат регионална лига, налик на СЕХА во која е веќе договорено да играат осум екипи, по четири од секоја земја. 
Овие две суспендирани земји не очекуваат наскоро приклучување кон Европските купови, па одлучија во термините во кои ќе се играат Европските натпревари, тие да играат во својата регионална лига. Можно е и учество на екипи од Кина. 
Ќе се формира и женска лига во која ќе играат шест руски и две белоруски екипи. 

Ова меѓуредови значи и дека најмногу од исклучувањето на белоруско-руските екипи ќе претрпи СЕХА која беше директно спонзорирана и практички одржувана од финансирањето на Гаспром. Јужно европската лига е во мирување, какви ќе бидат следните чекори, ќе видиме. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk