Нов, подобар или само нашминкан ракомет?

Вчерашната одлука на ЕХФ да го укине правилото „гол на гости“ ќе комплетира еден сет на нови правила и измени што можат да го променат ракометот. Или, пак, само ќе го нашминаат спортот на кој можеби му требаат покоренити промени. 



Промената на правилото гол на гости е промена што ќе ја етикетираме како добра промена за спортот, иако коренито не менува ништо. Не носеше ништо фер можноста да се биде подобар од противникот иако двата меча на пример завршиле нерешено. Тој еден гол што едната екипа незаслужено треба да го надополни многу често бил фактор што решавал. Сега барем пеналите ќе решаваат.

Промената четири додавања на пасивен напад ќе ги скратат дополнително нападите, поаѓањето од центар во радиус од два метра ќе даде можност за уште побрза транзиција и воедно казна за екипите што играат без голман, бидејќи се заштедува таа драгоцена секунда или дел од секундата кога се стартува нападот, а обратно се крати таа иста секунда на голманот за враќање во својот простор. 
Удар на голман во топка во лице ќе биде две минути и тука барем никој нема да има дилеми околу дали треба две минути, дали имало ли намера или не. Ако има намера, ќе има и картон. 

Вака нашминкан, ракометот ќе елиминира доста ситуации што се покажале непрактични и ќе треба малку да ја забрза играта. Не (пре)многу, не драстично, но доволно добро и за нас сите овие промени се позитивни. 

Веруваме дека многумина критички расположени кон ракометните правила ќе кажат дека ова е сепак стара баба што добила нова шминка и дека на ракометот му е потребни коренити промени од типот шот-клок или временско ограничување на напад како прва круцијална промена што ќе го намали влијанието на судиите, а со воведување на трет судија би се добила поквалитетна арбитража. И во тој правец уште има многу да се понуди. 

За шот клок и натаму сметаме дека е лоша идеја, затоа што ракометот не е кошарка за да може да се лимитираат временски играчите, а фаулите се пожестоки и прекините подолги. Тоа би постепено би го променило ракометот во нешто поинакво. А во суштина и нападите не многу често траат повеќе од 40 секунди, со кратењето на пасивните додавања на четири и така ќе се забрзаат нападите. Можеби со сугестија до судиите по безбројните семинари, да не толерираат долги напади ќе се реши се и без шот клок. 

Вилијанието на судиите на играта, пак, е покомплексно прашање за кое може да се дискутира гледајќи од повеќе агли. 
Не велиме дека судиите се „жртви“, далеку од тоа. Имаме доволно материјали на кои арбитрите уништиле финалиња на СП и ЛШ, па немало одговорност. Поголема, поефикасна и побрза употреба на видео може да реши добар дел од овие проблеми, но тоа ќе го направи многу посакап овој спорт што е меѓу најефтините екипни.
Но, за да бидеме реални до крај, треба да видиме и една страна што ретко, да не кажеме никогаш не се споменува во судиските анализи е однесувањето на тренерите, членовите на стручните штабови и ракометарите од клупата врз носењето на судиските одлуки. 
Погледнете само некој натпревар на пример на Веселин Вујовиќ или Лино Червар кога судиите и резултатот не им се во полза и ќе стане јасно за што станува збор. Или погледнете како Данците се обидуваа да направат измама со сирената за тајм аут во нивното првенство. А генерално и публиката која во 9 од 10 случаи необјективно ги гледа ситуациите на теренот, игра важна улога. 
Не сметаме дека арбитражата и влијанието на судиите се во целост зависни од правилата на играта и дека со нивна промена ќе добиеме поквалитетна арбитража.

Сметаме и едукација на публиката, преку флаери за време на натпревари во кои се објаснуваат дел од комплексните правила на игра е добра идеја.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk