Настаните каква што беше денешната ждрепка во Љубљана, вообичаено се користат за состаноци на комисиите со оглед на тоа дека има голем број присутни челенови. Денеска беше таков случај, а донесени се низа одлуки, од кои во прв момент одвојуваме една.
ЕХФ го укина правилото гол на гости.
Ова значи дека ако по два одиграни натпревари, гол разликата е иста - ќе гледаме пенали. Ова важи за сите европски натпреварувања на клупско и репрезентативно ниво.
Да дообјасниме. Ако некоја екипа на домашен терен победи со пет гола разлика на пример, а на гости загуби исто така со пет гола разлика, тогаш ќе се изведуваат пенали.
Досега беше актуелно во споменатиот случај со пет гола разлика, екипата што постигнала повеќе голови на гостински терен, иако не остварила поголема гол предност, да се смета како тим со подобар меѓусебен скор.