Влеговме во убаво друштво, да останеме таму што подолго

Македонија влезе во пробирливото европско друштво, ќе биде домаќин на ЕХФ Еуро и треба да се искористат сите можности и привилегии што членоството во тоа друштво ги нуди. 
ЕХФ ЕУРО е почетокот, првиот чекор кон враќањето на женската репрезентација кон подолгорочното членство. Ова ЕП како награда без оглед на резултатот, ни го нуди првиот шешир во баражот за СП 2023 и вториот шешир во квалификациите за следното ЕП 2024 а таму ќе има 24 репрезентации. 



Македонија е во период во кој треба да изгради тим и да го организира ова ЕП на ниво. Не сме среќни со квалитетот на противникот, но ќе имаме што да видиме, ни гостува Франција олимписки првак и екс светски првак. Поранешен светски шампион е и Холандија, репрезентација која важи за најатрактивна. Ни доаѓа и Романија со неколкукратно најдобрата ракометарка според ИХФ. И тоа е почетокот, потоа ќе се спојат и групите па ќе ги видиме и Германија, Шпанија, Црна Гора... 

Франција е најзвучниот тим во групата. Во Скопје ќе дојдат во улога на олимписки прваци и светски и европски вице шампиони. Легендарниот Оливие Крумхолц. Тој е селектор на овој тим цели 20 години, со еден мал прекин од 2013 до 2016. Има освоено 4 златни медали (ОИ, СП и ЕП), 6 сребрени и 3 бронзени медали. 
Францускиот тим се менува малку по малку, па нема да ги видиме на пример екс вардарките Александра Лакрабер и веројатно Сираба Дембеле, а ќе почекаме и за статусот на Алисон Пино. 

Холандија е ракометното чудо. Од земја која беше суспендирана затоа што ја откажа добиената организација на ЕП vo 2012, до финале на ЕП за само четири години во 2016. Велат, дека тоа е дело на претседателката на нивната федерација.
И не само тоа, изградија систем во женскиот ракомет што се применува и кај мажите, а и таму има почетни резултати. Холандија е светски првак од 2019 и има уште по едно сребро од СП и ЕП и по една бронза. 
Сменија селектор, го назначија популарниот но не и толку успешен шведски тренер Пер Јохансон за прв човек на нивниот тим. Ќе видме како ќе изгледаа на терен. 

Романија е репрезентација која е позвучна од резултатите и од која редовно се очекува повеќе отколку што и се резултатите. „Тенки“ се една бронза од СП и едно полуфинале од ЕП во последните десет години со оглед на тоа дека ја имаат најскапата женска ракометна лига во која најмалку пет екипи имаат буџет поголем од 1 милион евра и ја имаат Кристина Неагу (33) која четирипати беше прогласувана од ИХФ за играч на годината, 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk