Савевски: Добивме НАЈ-противници

Македонскиот женски ракомет, одново денеска го почувстува мирисот и вкусот на Европа и врвниот ракомет, овој пат како дел од ждрепката за ЕП на кое Македонија е еден од трите домаќини. 




Македонија за противници во групата ги доби репрезентациите на Франција, Холандија и Романија. Три врвни ракометни репрезентации. За волја на вистината меѓу сите 16 екипи што ќе играат на ЕП, според мерливи параметри, единствено против Швајцарија можевме да нишаниме победа и тоа само на хартија. 
Но, ќе гледаме врвен ракомет во Скопје, Холандија и Франција се гаранти за тоа, а подоцна веројатно ќе ги видиме и Германија, Црна Гора, Шпанија ...

„Не знам навистина како да ја коментирам ждрепката. Добивме противници што се НАЈсилни, НАЈатрактивни... Немаше овде можност нешто да посакуваме, дури и Швајцарија и таа е силна репрезентација и може да се случи да ја посакуваш, па да загубиш. 
Ние мораме да се прегрупираме, да се подготвиме и да видиме колку можеме да се носиме со овие екипи од самиот врв, да видиме каде сме во таа хиерархија и дали можеме и во иднина нешто да постигнеме“, вели селекторот Савевски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk