На Данците не им се доаѓа рангирањето за ждрепката

Попладнево во Љубљана ќе се одржи ждрепката за женското сениорско ЕП, а во меѓувреме, стигнаа и првите плачки и поплаки за системот на рангирање на ЕХФ. 




Веројатно имаме 100-тина текстови напишано за лошите системи на рангирање и натпреварување на ЕХФ и ИХФ, но кога нема доволно критична маса меѓу федерациите што би ги рангирале како оштетени, сигурно нема да има реакција од Виена или Базел за нешто да се промени. 

Но, системите полека почнуваат да им се удираат од глава и на попознатите, па веднаш почнува да се крева и прашина. Први што настрадаа беа Унгарците на ЕП во кое вложија 100-тина милиони за организација, а испаднаа во првиот круг. 
Веднаш се спомна иницијатива за промена на системот, но беше задушена од безбројните позитивни Ковид случаи и хаотичниот шампионат, а откако завесата беше спуштена, секој си продолжи по свое. 

Сега е на ред критериумот за рангирање во ждрепка. Во ЕХФ важат два критериуми. Прв е пласманот (прво/второ) во квалификациите, а втор критериум е пласманот на последното ЕП. Па така на пример, машката репрезентација на Македонија, иако во квалиифкациите за ЕП 2022 имаше максимални 10 бода (за второпласирана) беше на последното место во третиот шешир поради пласманот на ЕП 2020. 

Нејсе, сега дојде редот да се жалат данските стручњаци и аналитичари и коментатори. Иако Данска е во првиот шешир. 
Тие се чудат како може Полска да е во првиот шешир, а Холандија и Шведска во втор. И нормално, „страв“ им е да не бидат во група со Холандија. 
Полска, пак, е во првиот шешир затоа што беше првопласирана во квалификациската група. А провопласирана стана откако беше суспендирана и избришана од учество репрезентацијата на Русија. 

А што да кажеме кога на женскиот јуниорски мундијал во прв шешир беше Индија, а Норвешка беше во втор? 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk