Тиквеш не успеа да спакува изненадување

ГРК ТИКВЕШ - Е. ПЕЛИСТЕР  26-32 (16-15)
Трпчевски 6, Дрогришки 5, Симиќ 5 - Божиќ - Павлетиќ 13, Мандалиниќ 9




Еуофарм Пелистер запиша победа и однесе три бода од гостувањето во Кавадарци со што комплетно се расчисти патот за неделната пресметка со Вардар во „Боро Чурлевски“. 

Кавадарчани без Јанчев во својот тим пружија отпор посилен отколку што се очекуваше. Имаа резултатска контрола речиси во целото прво полувреме, водеа (4-1, 7-6, 12-10), а на полувреме заминаа со минимална предност од 16-15. 
Во втората половина од натпреварот, битолчани релативно брзо, по 17-18 со серија од 3-0 дојдоа до 20-18, а потоа разликата се движеше во рамки на два-три гола, по што следеше уште еден мал притисок и откако поведоа со 25-21, можеа помирно да играат до крајот на средбата што заврши со победа од 32-26. 

Јосип Божиќ Павлетиќ беше играчот за кого кавадарчани вечерва немаа лек. Новата аквизиција на Трембле, вечерва беше стрелец на 13 гола, а девет додаде Стипе Мандалиниќ. Во редовите на домашниот состав Трпчевски постигна шест гола, а по пет пати прецизни беа Дрогришки и Симиќ. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk