ОХРИД - ВАРДАР 21-28 (11-16)
Кривокапиќ 6, Николов 4 - Моралес 7, Талески 5
Вардар без Тимур Дибиров кој се повреди на дуелот во Кавадарци, а од 50 минута и без Столе Стоилов кој вечерва поради повреда прерано го заврши мечот, го совлада домашниот Охрид (28-21) и сега следниот меч што ќе го игра ќе биде со влог шампионски пехар во Битола.
Вечерва беше израмнето во добар дел од првото полувреме (9-9), а потоа Вардар влезе во подобар ритам и со 16-11 замина на одмор. Куни Моралес од меч во меч игра се подобро и беше и денеска главниот адут на Дејвис, заедно со Филип Талески.
Во второто полувреме, во еден момент се врати и резултатската неизвесност кога Охрид намали на минус два (18-20), но Вардар не дозволи домашните да влезат во игра за бодови и ја расчисти опасноста со два гола по ред со кои од 22-20, стигна на 24-20 и потоа ја доврши работата со уште една серија од 4-0 за конечните 28-21.
Следи големото дерби за кое веќе се јавува немир меѓу црвено-црниот дел од фановите, поврзано со состојбата во која во моментов се наоѓаат Дибиров и Стоилов.