По првомајската пресметка на која ќе биде решено прашањето за шампионскиот пехар, Вардар и Еурофарм Пелилстер мошне веројатно ќе се сретнат и во финалето на Купот на Македонија.

Завршниот турнир на Куп на Македонија ќе се игра од 13 до 15 мај во Кавадарци, а главните ривали за пехарот, екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер се разминаа во полуфиналето и им се смешка нова пресметка, директна за пехар.
Вардар во полуфиналето ќе игра со Еурофарм Пелистер 2, екипа со која има едно лошо искуство. Оттогаш Вардар го победуваше вториот битолски тим, но останува повторно зракот надеж за битолчани дека одмово можат да изненадат.
Бутел Скопје, пак, ќе игра против првиот тим на Еурофарм Пелистер во полуфиналето. Битолчани се фаворити на овој меч и ќе биде сензација доколку во финалето не се сретнат Вардар и Пелистер.
Куп на Македонија
Мажи - Ф4:
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер
Куп на Македонија
Жени - Ф4:
Ѓорче Петров – Чаир
Металург – Куманово