Ја избегнуваме и Унгарија во ждрепката за ЕП

Поубавите времиња за женскиот репрезентативен ракомет, симболично почнуваат утре. По пауза од 10 години, Македонија одново ќе биде дел од ждрепка за Европско сениорско првенство. 



Последното Европско првенство што ќе се игра со 16 репрезентации, ќе се одржи во ноември во Македонија, Словенија и Црна Гора. Следниот ваков шампионат, 2024 ќе се игра Австрија, Унгарија и Швајцарија. Тоа ќе биде прво ЕП со 24 репрезентации, што значи дека квалификациите ќе бидат полесни, но имајќи го искуството од машка конкуренција, потоа настапот на ЕП ќе биде покомплициран.

Ждрепката за ЕП во Македонија, Словенија и Црна Гора, пак, ќе се одржи утре во Љубљана. Организаторите се разместија по групи. Словенија во „Б“ (Целје), Македонија во „Ц“ (Скопје), Црна Гора во „Д“ -  (Подгорица). 
Репрезентација што си доби група без извлекување е Унгарија, таа од вториот шешир оди во Љубљана и со тоа се разминува со Македонија. 
Тоа не е лошо, Унгарија е еден од тимовите што веруваме никој не ги сака за противници, особено како дел од вториот шешир. 

Според пласманот во квалификациите и нивните последните резултати на ЕП (2020), екипите се поделени според следниот ранкинг. 

1. ШЕШИР - Норвешка, Франција, Данска, Полска
2. ШЕШИР - Унгарија (Група А), Ц. Гора (Група Д), Холандија и Шведска
3. ШЕШИР - Македонија (Група Ц), Словенија (Група Б), Хрватска, Германија
4. ШЕШИР - Шпанија, Србија, Романија, Швајцарија

Ждрепката ќе почне во 17:00 часот. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk