Озел во репрезентативна пензија

Јелиз Озел е една од ракометарките за која светот слушна благодарение на некогаш неприкосновениот македонски шампион Кометал Ѓ. Петров. 



Јелиз Озел во Скопје дојде во 2004 година, на возраст од 24 со еден неуспешен излет во Норвешка (Бјасен). Вниманието го привлече со настапот за Турција, а во тоа време во Кометал имаа „око“ за добар, ефтин и непознат играч што многу бргу како инвестиција се исплатеше.

Озел беше токму таков продукт, веднаш се вклопи во клубот, во првата сезона стигна до финале на ЛШ, а добро и годеше и скопскиот начин на живеење, па остана овде до 2007 година кога клубот веќе одеше воневрат. 
Озел не беше тип на играч што сака да игра во странство. Иако многу клубови сакаа да ја видат во своите редови, по Кометал имаше само уште еден излет во Влчеа (2010-2012), но откако си отиде од Кометал, во Турција, пак, смени седум клуба. 

На 42 години, минатата недела, конечно, реши да се повлече од играње во репрезентацијата на Турција. Озел заедно со Севилај Имамоглу беа испратени до репрезентативна пензија пред квалификаицскиот дуел за ЕП Македонија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk