Aлкалоид по заверка на Супер лига

Само еден натпревар денеска се игра на терените низ Македонија. Во рамките на Прва лига, Алкалоид гостува во Богданци.



Дебитантската сезона на Алкалоид извесно ќе биде крунисана со пласман во Супер лигата. Скопскиот клуб е единствениот што нема пораз досега, а од 12 Плеј оф натпревари има 11 победи и еден нерешен резултат. 

Денеска Алакалоид гостува во Богданци, кај екипата на Младост која по одличниот есенски дел и второто место во групата, почна да заостанува на дуелите во Плеј оф и сега е во сериозна опасност да биде престигната од Аеродром или Куманово. 

Алкалоид е теоретски пласиран во Супер лига. Имено, Алкалоид и со натпревар помалку има 34 бода, односно 17 повеќе од шестопласираниот Аеродром, на пет кола, односно 15 бода во игра до крајот на првенството. 
Со евентуална победа вечерва во Богданци ќе станат математички недостижни и за во моментов петтопласираниот Младост.

Натпреварот меѓу Младост и Алкалоид е последниот од петтото коло во Првата лига. Почетокот е закажан за 19:30 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk