Божиќ-Павлетиќ од Битола оди за Франција

Хрватското крило Јосип Божиќ Павлетиќ се приклучива на долгиот список на ракометари кои летово ќе заминат од екипата на Еурофарм Пелистер. 




Во Битола ќе се менува речиси комплетниот тим летово, посебно кога се работи за странците. Последен во друштвото на играчи со кои Е. Пелистер летово ќе се раздели е Јосип Божиќ Павлетиќ, десното крило што сезонава пристигна во „Боро Чурлевски“. 

Јосип Божиќ Павлетиќ веќе се договори со францускиот клуб од паришкото предградие Трембле, клуб кој е добро познат и во Македонија со оглед на тоа дека имал пресметки со Металург во Европските купови своевремено, а и Петар Ангелов, поранешниот македонски репрезентативец бранеше таму цели четири години, во периодот од 2005 до 2009 година. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk