Не остана тренер во Шпанија

Како се развива трендот, за неколку години ќе почнеме да броиме кои тренери останале во Шпанија. 




Продолжува проширувањето на шпанскиот ракомет или систем на сите четири страни на светот. Деновиве актуелно, Дани Гордо, тренерот што не може да се пофали со резултати ниту од водењето на Бразил, уште помалку од водењето на Мешков Брест, стана тренер на Ал Ахли од Египет, еден од најпознатите ракометни брендови на Африка. Договорот е само на два месеца, но ќе видиме. 

Друг шпански тренер, име кое веруваме и во тренерската фела ќе имаат проблем да се сетат и да го препознаат стана селектор на Кувајт. 
Исидоро Мартинез, наставник од Универзитетот во Леон кој десетина години работеше во шпанската федерација, а последно беше инволвиран на јуниорскиот шампионат пред три години, ќе ја предводи катарската репрезентација и во сениорска и во помладите категории со задача да го имплементира системот по кој се работи во Шпанија и во оваа блиско источна држава. 
Негов асистент ќе биде Диего Дорадо, поранешен тренер на Нава и асистент во јуниорската репрезентација. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk