Македонија добро парираше на светскиот првак

МАКЕДОНИЈА - НОРВЕШКА  18-24 (12-14)
Македонија: Мицевска (12 одб), Саздовска 6, Јанеска 4, Штериова 2, Ристовска 3, Стојковска 1, Дабевска 1, Гичевска, Џатевска, Дукоска, Кипријановска 1, Миновска, Седлоска, Арсениевска, Коцева, Серафимова
Норвешка: Фауске 7, Арнцен 6, Ларсен 3...



Женската репрезентација на Македонија е поразена од Норвешка во рамките на претпоследното коло од ЕХФ Еуро Куп. 
Во македонската репрезентација може само да се жали што конечниот резултат е ваков. Натпреварот цели 40 минути беше израмнет, а Македонија влезе во еден лош период околу 47 минута и дозволи серија од 0-7  со што Норвежанките стигнаа до нереално, но заслужно водство. 

Норвешка во Скопје не допатува со својот најсилен состав. Ги немаше големите ѕвезди, но Норвешка има систем, па вечерва можевме да видиме и како играчи што не се викаат Локе, Морк, Кристијансен, се движат и играат по истите ноти и чекори како да се Морк и Кристијансен. 

Норвешка поведе 9-5 по 10 минути игра, пред Македонија да се соземе и да стане подобриот противник на теренот. Крилото Јована Саздовска и голманот Јована Мицевска беа играчите што би ги издвоиле во прв момент. 
Македонија успеа да се врати во игра, стигнавме на 8-10, во два наврати во финишот напаѓавме за минус еден, но не не посака среќата, па на одмор се замина со резултат 12-14.

Вториот дел доминиравме, осум минути гостинките не успеаја да постигнат гол, израмнивме 14-14 дури имавме и напад за водство. 
Потоа се свртеа работите против нашиот тим. Почна со едно исклучување, продолжи со пат изнудени решнија во напад што не дадоа резултат, а на спротивната страна Норвешка казни. 
Потоа гледавме тоа што е пракса кога игра Норвшка. Тие добро се бранеа и казнуваа секаква грешка, а нив ги имаше, додека во напад преземаа поголем ризик и тоа во случајов им се исплатеше.

Македонија десетина минути не постигна гол, разликата отиде на плус шест, но конечно Крипријановска успеа да го прекине постот на нашиот тим, со гол што не врати во игра, иако разликата остана. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk