Официјално: РФМ ќе организира мундијал во Македонија

Светската ракометна федерација денеска и официјално му потврди на РФМ дека му е доделена организацијата на кадетското (У18) женско светско првенство. 


Женската кадетска репрезентација на Македонија која успеа да се избори за пласман на ЕХФ Еуро и притоа и учество на СП, мундијалот ќе го игра на домашен терен. 
Ракометната федерација на Македонија реагираше брзо и ја презема организацијата на У18 Светското првенство, оригинално планирано да се игра во Грузија. 
Во јули во Скопје, во „Борис Трајковски“ и двете сали во „Јане Сандански“ ќе гостуваат 32 репрезентации во женска конкуренција до 18 години. Шампионатот е закажан од 30 јули со 10 август. 

По организацијата на неколку турнири меѓу кои имавме и ЕП и ЕХФ Шампионати, ова е уште еден голем стимул за развој на женскиот ракомет во Македонија. Генерацијата што уште нема наполнето 18 години сега добива голема шанса за подобар резултат и со тоа се што оди како плус во креирањето на тим што остане подолго на европската и светската ракометна сцена. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk