Холандија се „закопа“ на домашен терен

Првиот патник на СП, од денешните дуели е Португалија. Иако на првиот меч со Холандија, дома, беа поразени, на реваншот како гости ги надиграа Холанѓаните.



Лук Стеинс, Кај Смитс и остатокот од атрактивното ракометни друштво селектирано во националниот тим на Холандија, нема да одат на СП. Освен ако не добијат вајлд карта. На мундијалот ќе ја гледаме Португалија. 

Холандија победи 33-30 на гости кај Португалија и се сметаше дека е со едната нога на СП. Но, Португалците во чии редови играат двајца суперталентирани кадети/јуниори, браќата Мартим и Франциско Коста, победија на гости 35-28 и ја оладија холандската машина. 

Мартим Коста, момечето кое го гледавме на кадетскиот мундијал во Скопје и уште од тогаш алармиравме дека се работи за врвен талент, денеска стралаше 8/11, а неговиот помлад брат, 17 годишниот Франциско Кико додаде уште три (3/5) во големата победа. Меѓу нив се двајцата пикери Борхес и Итуриза, со вкупно 10 погодока од линијата . 

Португалија водеше цел меч, но клучно беше по 45 мимнута кога од 25-24 стигнаа со 29-24 и за прв пат имаа предност што ги води на СП.
Тоа им даде крилја, системот на Холанѓаните очигледно не е дизајниран за да смири топка и игра на резултат, а Португалците ги искористија своите силни страни и конечно запишаа убедлива победа што ги носи на СП. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk