Топ 5 вести: Мешков остана без шпански тренери, Ѓер ќе билда гол разлика...

5. Даниел Гордо од Шпанија и неговиот португлски асистент Нуњo Фарелу дефинитивно ја прекинаа соработката со Мешков Брест. Тие заминаа на 1 март по препораки на амбасадите, а сега е официјално крај. 
„Жал ми е за играчите што останаа, а што немаат шанса да одат во друг клуб“, изјави Гордо алудирајќи на белоруските играчи на Мешков. 



4. Ласе Свон Хансен го одигра последниот меч за репрезентацијата на Данска. Симболично го постигна последниот гол, а селекторот Николај Јакобсен повика тајм аут на кој Сван Хансен не беше поканет туку стоеше на центарот и уживаше во овациите од публиката. Ласе Сван одигра 246 натпревари за Данска во кариерата.

3. Негативен рекорд запишаа Шпанците на првиот контролен меч со Франција. Европскиот вице-првак беше поразен 33-44, а 24-те гола примени во првиот дел (15-24) се најмногу што Шпанија примила за 30 минути во својата ракометна историја.

2. Ференцварош го победи Ѓер (29-24) во дербито на женскиот шампионат на Унгарија и сега до крајот на првенството, двата тима ќе ја билдаат гол-разликата, затоа што веројатно тоа ќе биде факторот што ќе се пресуди. На тоа поле, Ѓер стои многу подобро и имаа 90 гола плус во однос на ривалот, кој пак има и три натпревари помалку. 

1. Мортен Олсен, еден од најдобрите и најпотценетите ракометари на Данска ја завршува каиерата и продолжува како асистент тренер на Рингстед. Игнасио Плаза, шпанскиот пивот на АЕК Атина е ново засилување за екипата на Порто. Хорхе Серано, десното крило на Вањадолид во ист ден дебитираше за репрезентацијата на Шпанија и потпиша договор со бундеслигашот Штутгарт. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk