Кузмановски: Пред 7.000 - нема умор, само мотив

Одбројуваме до финалната пресметка со Чешка, уште два дена има до последниот меч, дуел што треба да не одведе на СП.
Искрено, бевме загрижени за иднината на сениорската репрезентација, таму некаде во јануари кога испаднавме од првиот шешир на репрезентации и добивме два баража. 
Комплицирани противници и во првиот и во вториот бараж, но се се севеде на 60 мимнути во Скопје, на натпревар што ќе биде последен во репрезентативната кариера на двајца големи мајстори, Филип Миркуловски и Кирил Лазаров. 




„Бевме максимално подготвени за Чешка, мислам дека не не изненадија со ништо, имавме кратко време да се подготвиме, но покажавме таму дека можеме да играме со нив, и во во првото и во второто полувреме, особено во одбраната, што беше една од нашите задачи.
Можеби се изненадивме дека водевме седум разлика. Се опуштивме, на крајот ни беше криво. Сега имаме шанса. Да ни го понудија ремито пред натпревар ќе го прифатевме“, вели Филип Кузмановски.

„Но и тука не очекува тежок натпревар. Имаме уште два дена, добро ќе анализираме и се надевам на победа. Одбраната беше добра на првиот натпревар, останува да ги поправиме тие технички грешки во транзиција, треба да даваме полесни голови. Кога ќе играш пред 7000 гледачи, не постои психолошка исцрпеност, мотивацијата е уште поголема. Поквалитетни сме од Чешка, кога ќе видиме на секоја позиција, но тоа мораме да го покажеме на терен. Верувам дека ќе се избориме за пласман на Светското првенство“, додаде Кузмановски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk