Динамо пак на шопинг во Барса

Откако од Барса ги доведе Пасквал, Сориндо и се засили со уште неколку играчи, романскиот Динамо планира нов шопинг во Барселона. 




Според официјално непотврдени информации на романскиот спортски весник Проспорт, следната сезона во Динамо Букурешт треба да се пресели егпетскиот бек Али Зеин. 
Овој ракометар во Барса беше доведен да го замени Арон Палмарсон, но иако се работи за играч со врвен квалитет, сепак, тој е малку поинаков тип на играч од Исланѓанецот, па Барса веројатно не го доби тоа што го сакаше. Иако од дуга страна се повеќе играчи најавуваат заминување од Барса и трансфер во друга екипа со не толку славно име, но спремна да брцне подлабоко во џебот. Меѓу нив се и Дика Мем и Лудовик Фабрегас. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk