За пласман на СП, Македонија ќе одлучува на свој терен. Нема да мора да брка разлика, едноставно мора да победи, доволно и со еден гол.
Ова е досегашниот епилог по одиграни три квалификациски натпревари од Бараж 1 и Бараж 2 за пласман на следниот мундијал. Во одлична позиција сме, но работата не е завршена.
Да ми го понудеше ова некој пред натпревар со две раце ќе го прифатев затоа што ја респектираме Чешка како репрезентација, а морам да кажам дека имам горчлив вкус затоа што кога ќе го гледаме натпреварот одигравме добро, пожртвувано и ми е жал што не знаеме да се израдуваме и што сме тажни и нервозни поради резулатот.
Во недела ќе победи колективот ќе мораме да имаме добра ротација и само така можеме да направиме добар резултат против европска репрезентација како Чешка. Публиката да ни биде ветер во грб и мислам дека ќе бидеме поодлучни во нападот и поцврсти. Мора да бидам задоволен од тоа што го прикажавме“, изјави Лазаров.
Во недела во Скопје ќе биде ракометен празник. Салата ќе биде преполна, играчите ќе добијат ветер во грбот, веруваме дека ќе се слави по натпреварот.