Македонија од Чешка се враќа непоразена



ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА 24-24 (10-13)
Македонија: Митревски (12 одб), Томовски, Ојлески, Атанасијевиќ, Талески 5, Кузмановски 3,,Миркуловски 2, Лазаров 4, Јагуриноски, Серафимов, Лазаров, Георгиевски 4, Пешевски 2, Стоилов 3, Маркоски 1, Мишевски



Македонија и Чешка ја почнаа новата пресметка за пласман на СП 2023 вечерва, во Злин. Реваншот се игра во недела во Скопје, а вкупниот победник оди на мундијал. 

По успешниот Бараж1 и елиминацијата на Романија, Македонија во во Бараж 2 доби противник што е факт, поквалитетен од четата на Хавиер Пасквал. Инспирирани од бројните елиминации од Македонија и под водство на Хавиер Сабате, новиот шпански селектор, најавуваа висока победа во Злин, подисплашени од тоа што ќе ги чека во Скопје. 

Македонија одлично го отвори натпреварот. Митревски даде сигурост на голот, Талески и Кузмановски во нападот и Македонија поведе 5-1. За девет минути Чесите постигнаа само еден погодок и нивниот т.н. прв налет беше запрен,а Сабате побара тајм аут. 

Македонија имаше и 9-5 во 20 минута, но Чесите возвраќаа, имаа и малку среќа, според нас и една судиска грешка,  па и покрај одличниот Митревски и дефанзивците пред него намалија на 7-9 во 25 минута. 
Разликата од два гола беше актуелна до полседниот напад на  нашиот тим во првиот дел. Со играч помалку во поле, успеавме и да зголемиме на 13-10.

Со серија од 3-0 на стартот на вториот дел, Македонија поведе со високи 16-10 во 34 минута.а Лазаров од пенал зголеми на 17-10. 
Во 40 минута, Македонија поведе 19-13, а во овој период одлично одеше играта преку пивотот Пешевски и единствено голманот Мрква ги одржуваше во живот грогираните Чеси. Тој со три одбранети пенали од кои два во овој период од играта и еден зицер, ги врати во живот и намалија на 15-19. пред Митревски да ги запре, а Џомба да погоди за 20-15.

Лазаров побара тајм аут во 50 минута од мечот при водство на Македонија од 22-17 и исклучен играч во нашиот тим.
Во жароот на борбата останавм со четири играчи во поле во 50 минута и истиот резултат. Мрква продолжи во висок стил и со 16 одбрана придонесе да се намали резултатот на 20-23.

Чешка намали на 22-24, а на две и пол минути до крајот намали и на 23-24 по што Лазаров одново побара тајм аут. 
Како маѓепсан беше голот на Мрква до крајот на мечот. Македонија не успеа да погоди, а во последниот Чешки напад успеа да реалзиира и да се радува на реми. Само на реми. Следи реванш во Скопје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk