СП 2023: Словенија ги чека Србите, Исланд на прошетка во Австрија



Чешка и Македонија ги бројат минутите до стартот на мечот во Злин, но тоа нема да биде единствената голема битка во квалификациите. 




Чешка и Македонија е дерби во квалификациите, но супер-интересен натпревар ќе се игра и во Златорог Арена, каде што домашната репрезентација на Словенија ќе ја пречека Србија. 
Двата тима не се прославија на ЕП, но Србија сепак, успеа да се протне во првиот шешир. Големо фајде од тоа не виде, за противник ја доби можеби најсилната селекција од вториот шешир - Словенија. 

Урош Зорман во меѓувреме го замени неуспешниот Љубомир Врањеш на клупата на Словенија, но не одиграа којзнае колку подобро на првиот бараж со Италија и се потеа за победа, особено на гости.
Србија пак, по почетната еуфорија со Тони Херона на клупата, сега влегува во онаа втора постеуфорична фаза во која ќе почнат да му се бројат и грешките. Подвлечено, супер интересен меч што почнува во 20:00 часот. 

Другите екипи, што поради среќата во ждрепката, што поради елиминацијата на Русија и Белорусија, вечерва ќе имаат релативно лесни задачи. 

СП 2023 - БАРАЖ 2
Белгија - Русија - доделена
18:00 Австрија - Исланд
18:00 Финска - Хрватска
18:00 Израел - Унгарија
18:15 Грција - Ц. Гора
18:15 Ф. Острови - Германија
20:00 Словенија - Србија
20:15 Чешка - Македонија

  
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk