ИХФ со нови правила за трансфери

Светската ракометна федерација, на барање на ЕХФ се обидува да воведе некаков ред во реализацијата на меѓународните трансфери. 



Од 1 јули 2022 година, агентите (менаџерите) при ракометните трансфери на меѓународно ниво ќе можат да наплатат награда само од едната страна, а таа вообичаено се ракометар(к)ите. 
ИХФ ги повика сите клубови на своите играчи да им ги објасни новите правила. Менаџерот ќе може да застапува само една страна и следствено на тоа да наплати само од својот клиент. Во договорот ќе треба да биде наведено и името на менаџерот доколку постои такво (трето) лице при постигнување на договор. 

Во принцип, со ова би требало да се заштитени клубовите, а и играчите од менаџери што калкулираат со своите клиенти и се обидуваат да профитираат од двете страни, лицитираат со клубовите итн. 
Патем и статусот на менаџерите, барем лиценцираните би требало да биде официјализиран и заштитен и ќе биде јасно наведено какви се нивните побарувања. Најзаштитени ќе бидат ИХФ и ЕХФ, во секој случај.

Подвлечено, не сметаме дека со оваа одлука ќе бидат решени проблемите, но ЕХФ и ИХФ како институции нема да бидат надлежни за какви било спорови особено меѓу агентите и клубовите. Можеби со текот на времето, ќе стане пракса што ќе ја почитуваат и играчите и клубовите и третата страна, односно агентите (менаџери). 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk