Митревски: Да ја играме нашата игра, најдобро што можеме

Македонската репрезентација веќе се чекира на скопскиот аеродром од каде за неполн час заминува за Острава, од каде пак ја чека уште 100-тина киломтери пат со Злин, познатото одредиште од претходни два квалификациски циклуса. 




„Во последните неколку години за некое чудо не игравме со нив бидејќи претходно редовно се среќававме со овој ривал, како во квалификациите, така и на големите натпреварувања.
Имаме со нив и позитивни и негативни искуства, сме добивале и сме губеле... тие не се топ - репрезентација, но со она што го покажаа на последното Европско првенство, тие и покрај тоа што не поминаа група докажаа дека се сериозна селекција како колектив и треба да одработиме на најдобро што можеме.
Мораме да се подготвиме идеално и физички и тактички за да можеме да им парираме.  На првиот натпревар треба да одиграме на високо ниво, солидно, како што знаеме и што сме способни, а потоа на реваншот во Скопје со голема поддршка од публиката да обезбедиме пласман на светскиот шампионат.
Чесите коментираат дека сакаат што поголема разлика во Злин, но тоа е нивна математика, сосема различна од онаа нашата. Треба да се подготвиме за нашата игра, без разлика што тие планираат. Ако тие бркаат голема позитива, тоа значи и притисок врз нив самите, ќе донесе и грешки бидејќи секогаш кога се брка некоја разлика, без оглед дали е тоа три, пет или седум гола, притисокот придонесува да се прават грешки кои се невообичаени“, вели репрезентативниот голман Никола Митревски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk