Миркуловски: Шансите ни се 50-50

Македонската репрезентација попладнево заминува за Чешка каде што утре ќе го игра првиот натпревар од вториот бараж за пласман на СП 2023. 
Македонската репрезентациј вчера се комплетираше, одработе три тренинга квалитетно колку што се можеше го искористи краткото време што беше на располагање.




„Романија ја поминавме релативно лесно, не очекувавме дека биде така, но според мене одигравме два добри натпревари, особено тој во Скопје.
Чешка е добро познат противник за нас, многу пати сме се среќавале во квалификациите за Европските првенства. Станува збор за поквалитетна репрезентација од Романија, но исто како против нив, така и со Чешка шансите се 50-50.
Вториот натпревар го играме на домашен терен, според мене е подобра варијанта. Се работи за стабилна екипа со ракометари кои играат во Првата и Втората германска лига, Имаат добра прва бековска линија, нивниот лев бек игра одлично во Германија во Втората лига. Кашпарек добро го знаеме сите, Бабак игра во Бундес-лигата, па првата постава им е одлична.
Мораме многу да внимаваме на нивните бекови, а имаат и добар голман. Немаме видео-снимки од она што го играат, сепак станува збор за шпански систем, кој пак на Киро му е добро познат. Ќе се подготвиме најдобро, очекувам победа и пласман на Светското првенство“, изјави Миркуловски.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk