Машката ракометна репрезентација ќе добие и убава финансиска награда доколку успее да се пласира на следниот мундијал.
РФМ обезбеди и дополнителна финансиска мотивација за најдобрите македонски ракометари. Македонската сениорска репрезентација ќе добие парична награда во износ од 50.000 евра доколку на следните два натпревара биде подобра од Чешка и успее да се пласира на Светското првенство во Полска и Шведска 2023.
Оваа одлука денеска ја потврди Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија.