Кузмановски: Чешка ни стана традиција

Филип Кузмановски имаше успешна вечер пред патот за Македонија. Постигна осум гола на мечот со Берлин, го реши натпреварот со гол во последните пет секунди и веднаш потоа седна во авион за да стигне во Скопје. 






„Чешка веќе ни доаѓа како традиција, не знам колку пати веќе сме играле со нив и квалификации и на првенства. Доаѓаат со нов тренер, мала предност за нас е што првиот меч ќе го играме таму, ќе одиме и таму на победа, како и на секој натпревар. Нема да калкулираме со резултат во смисол да гледаме да изгубиме со што помала разлика, па после во Скопје да бркаме. Ќе одиме и таму да победиме. Гледавме видеа, немаме време. Видовте и сами, јас синоќа имав натпревар и веднаш потоа патував за Македонија. 
Имаат некој нов систем со новиот тренер, квалитетен е, не смеат да се потценат. Долго време се заедно, имаат квалитет. 
Ако се споредиме како игравме со Романија дома и таму... Во добра форма сме во клубовите, верувам дека ќе пружиме два добри натпревари и ќе се пласираме на светско“, вели Филип Кузмановски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk