Вецлар пропушти шанса да ја направи трката по шампионската титула во Бундес лигата многу поинтересна.
Филип Миркуловски постигна два гола од исто толку обиди и имаше една асистенција на дуелот меѓу Вецлар и лидерот на табелата и веројатно нов шампион на Германија - Магдебург.
Гостите имаа проблеми во првиот дел и во соблекувална заминаа со минус три (12-15), но во вториот дел успеаја уште во раната фаза да израмнат, а потоа и стигнаа до тесна победа од 29-26.
Магдебург во моментов ја зголеми разликата пред второпласираниот Берлин на плус седум бода, но има и меч повеќе. До крајот на првенството има уште осум кола.
Миркуловски вечерва треба да пристигне во Скопје и од утре да биде на располагање на селекторот Кирил Лазаров за дуелите со Чешка што ќе се играат во среда и во недела.