Кил: Алборг и Колстад го здрмаа пазарот

Кил и Барса се ракометните икони, но и двата клуба се најдоа на удар по појавата на новите „играчи“ на ракометната карта. Нивните најголеми ѕвезди, Палмарсон, Ландин и Сагосен веќе заминаа или договорија крај на соработката. 




Не се многу среќни во Кил, сигурно не се ниту во Барса по појавата на новите дрим тимови што имаат буџети доволно големи да ја измешаат ракометната хиерархија.

„Алборг и Колстад го здрмаа ракометниот пазар. Сандер Сагосен и Никлас Ландин не сакаа да продолжат со нас. Се појавија два глобално големи играчи и во следниот период ќе има повеќе трансфери отколку што имало досега. Ова е последица на тоа“, изјави менаџерот на Кил, Виктор Силаги. 

Никлас Ландин го одбра Алборг, а Сандер Сагосен реши да замине во Колстад и Кил сега ќе мора да го менува својот тим. Следното лето договорите им истекуваат и на Магнус Ландин, Штефан Вајнхолд, Патрик Винцек и Миха Зарабец и пред зебрите е период во кој ќе мора да составуваат нов тим. А на пазарот и нема толку голем избор, откако ПСЖ, Келце, Веспрем, па во поново време и Динамо Букурешт, пред нив Сегед и Висла нудат договори кометитивни на тие од каталонија и северот на Германија. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk