Францускиот „Миди Либре“ ги размрда и растревожи и фановите и управата на францускиот клуб Монпеље.
Диего Симонет заминува веднаш, а на неговото место доаѓа Сташ Скубе исто така веднаш и доколку се пласира во 1/4 финалето, ќе има нов органзатор на играта во Монпеље. Помалку-повеќе вака изгледаше веста што ја објави францускиот весник Миди Либре.
Информацијата веднаш ја обиколи ракометната Европа и реакции почнаа да стигнуваат од повеќе страни. Впрочем толкав замав зема веста што мораше да реагира и претседателот на клубот.
„Информацијата дека Симонет заминува не е точна. Тој е наш играч и планираме така и да остане. Разговараме со него за нашите заеднички планови“, изјави претседателот на францускиот клуб.