Чешка одбра тим, фали познато име

Хавиер Сабате, новиот селектор на репрезентацијата на Чешка со која ќе играме за десетина дена во Бараж 2 за пласман на СП 2023 го селектираше тимот со кој ќе ни се спротивстави



Хавиер Сабате, новиот селектор на Чешка одбра 20 ракометари со кои ќе и се спротивстави на Македонија на клучните натпревари за пласман на СП 2023. Неколку измени има во тимот на Сабате, во однос на репрезентацијата што настапи на ЕП во Словачка и Унгарија. 

Во тимот го нема Роман Бечвар, еден од клучните играчи. Ракометар од позицијата среден-лев бек. Го нема ниту десното крило Мирослав Јурка, а одново репрезентативен статус има десниот бек Дидуне Мубензем, а повикани и се два нови и многу добри пикер- Даниел Резнички (Талент) и Стефан Земан (Гумерзбах). Другот дел од тимот е тој од ЕП, а внимание ќе треба да се обрне на нивните нови имиња - Матеј Клима и Војтех Пацел. Клима во моментов игра за Лубек-Швартау, а таму следната сезона ќе му се приклучи и Пацел, во моментов играч на Карвина. 
Составот на Чешка, во моментов изгледа вака: 

ГОЛМАНИ: Tomáš Mrkva (Bergischer HC – GER), Šimon Mizera (HC Zubří)
ЛЕВИ КРИЛА: Jakub Hrstka (DRHV 06 – GER), Marek Vančo (HC Elbflorenz 2006 e.V. – GER)
ЛЕВИ БЕКОВИ: Matěj Klíma (VfL Lübeck-Schwartau – GER), Vojtěch Patzel (HCB Karviná), Dominik Solák (HCB Karviná)
СРЕДНИ БЕКОВИ: Tomáš Babák (Bergischer HC – GER), Matěj Havran (HC Zubří), Lukáš Mořkovský (HC Zubří), Martin Březina (TJ Dukla Praha)
ДЕСНИ БЕКОВИ: Stanislav Kašpárek (HC Meshkov Brest – BLR), Diudonné Mubenzem (Mubenzem Dieudonné (HSC 2000 Coburg – GER), Tomáš Piroch (US Créteil Handball – FRA)
ДЕСНИ КРИЛА: Tomáš Číp (CS Minaur Baia Mare muži – ROU), Mathias Choleva (SKP Frýdek-Místek)
ПИВОТИ: Václav Franc (HCB Karviná), Leoš Petrovský (TuS Nettelstedt-Lübbecke – GER), Daniel Režnický (Talent Plzeň), Jan Užek (HCB Karviná), Štěpán Zeman (VfL Gummersbach – GER)

Првиот меч се игра на 13 април во Злин, реваншот на на 17 април во Скопје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk