Алкалоид и Бутел за прв шампионски пехар

Екипите на Бутел Скопје и Алкалоид вечерва (20:00ч) ќе се борат за првиот шампионски пехар во машка конкуренција во Македонија. 



Кадетските екипи на Алкалоид и Бутел Скопје, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се сретнат во финалето на Фајнал фор турнирот во првенството, во последната битка за шампионска титула. 

Завршниот турнир во кадетското првенство се одржува во Охрид, но домашниот тим не успеа да го искористи својот терен за пласман во финалето. Охриѓани во полуфиналната пресметка со Бутел Скопје беа поразени со 24-33 (11-14) и ќе играат за пласман на третото место против Тинекс Пролет. 

Многу подраматично беше на втората полуфинална пресметка на која силите ги одмеруваа Алкалоид и Пролет 62. Пролет имаше резултатска контрола во текот на целиот меч, водеше и со пет гола разлика во првиот дел, но како одминуваше времето ја губеа силата, а Алкалоид полека се враќаше во игра. 
Откако во финишот на натпреварот, Алкалоид пропушти прво од пенал, а потоа од контра напад да израмни, Пролет имаше шанса да ја верификува победата, но не му појде од рака. 
Во последниот напад, Омерагиќ постигна израмнувачки гол за 31-31, а во преостанатите 17 секунди напаѓаше Тинекс Пролет и успеа да изнуди пенал.
Шутираа на четири секунди до крајот за победа и финале, но Иван Галевски го одбрани овој пенал и победникот се решаваше со изведување на седмерци. 
Сите четири изведувачи за Алкалоид погодија, додека ракометарите на Пролет двапати шутираа во конструкцијата на голот и конечниот епилот е 35-32 и финале за Алкалоид. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk