Top 5 вести: Нема ОИ за Русија и Белорусија, запрен Војводина

5. Двајца српски ракометари што играат во Македонија, двајцата од редовите на Вардар, Стефан Додиќ и Дарко Ѓукиќ добија повик од селекторот Тони Херона за настап во Бараж 2 за пласман на СП. Србија за противник ја има репрезнтацијата на Словенија. 



4. Запрена е за момент доминацијата на Војводина во српскиот шампионат. По шест години пауза, Металопластика освои пехар. Некогашниот европски првак од Шабац, ја совлада Војводина 29-28 по продолженија во финалето на Куп натпреварувањето што се одигра на наутрален терен, во Дубочица. 

3. Француската екипа Мец, (службено) се пласираше на Фајнал фор турнирот во женска конкуренција. Французинките во 1/8 финалето ја елиминираа Борусија Дортмунд, а бидејќи противник во 1/4 финалето требаше да им биде Ростов Дон, директно се пласирани на Фајнал фор турнирот. 

2. Лигата на шампионите следната сезона би можела да биде без Кил и без Флензбург! По комплетирани 25 кола, односно девет кола до крајот на Бундес лигата, лидер е Магдебург, а на второто место со пет бода помалку (41)  е Берлин. Кил има 40 бода, Флензбург има 38. Во ЛШ ќе играат максимум две екипи од Германија. 

1. Русија и Белорусија нема да имаат шанса да се пласираат на ОИ Париз 2024. Тие се исклучени од квалификациите за СП 2023 и од ЕП 2024. Тоа се двата квалификациски турнири од каде се обезбедува место на следната Олимпијада. Во женска конкуренција се уште постои шанса, затоа што се уште нема извршено квалификациски ждрепки. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk