Вардар со три бода се враќа од Битола

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961 19-22 (10-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 2.500. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев
Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Јовановски, Николовски 1, Буторац, Митревски,  Петровиќ 3, И. Димитровски 1, Талевски 2, Стоилевски, Петар Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 5, Белистојановски 6, М. Ѓукиќ, Табаковски, Мицески   
Седмерци: 4/3 Исклучувања: 10 минути
Вардар 1961: Ристовски, Томовски, Петров, О. Њокас, Валчак 1, Моралес 4. Георгиевски 7, Карапалевски, Савревски 2, Тото 2, Гаџа 1, Талески 2, Дибиров 3, Додиќ, Мишевски, Д. Ѓукиќ 
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 16 минути




Нешто подолго од едно полувреме траеше и тлееше надежта на битолчаните дека можеби вториот тим ќе успее уште еднаш да направи сензација и практично да го промовира првиот тим по 15-тина години чекање во нов шампион. 
Вардар гостуваше кај Еурофарм Пелистер 2 и по едно полувреме водеше само со еден гол разлика 10-9, а на почетокот на второто полувреме домашните на двапати и израмнија (11-11, 12-12). 

Но, по ова следеше серија од 3-0 за Вардар со која и беше решен победникот. Гостите од Скопје не направија осетно повисока разлика, највисоката беше од четири гола, а прв пат Вардар ја достина при резултат 20-16. До крајот на мечот беше три-четири, а семафорот престана да одбројува при 19-22. 

Гоце Георгиевски и Куни Моралес постигнаа пола од головите за Вардар (7+4), а во домашниот состав Белистојановски со шест и Ѓорговски со пет гола беа најдобрите стрелци. 

Денеска се играше суперлигшки плеј оф ракомет и во Скопје, каде што Бутел го совлада Тиквеш 32-29 (16-11). Мајиќ со седум и Јефтиќ со шест гола најефикасни кај домашните кои ја зголемија предноста пред ривалите во битката за Европа. 
Во кавадаречкиот тим, Трпчевски постигна шест, Јанчев и Симиќ по пет погодоци. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk