Португалија, Македонија, Турција и Луксембург. Тоа се четирите екипи од групата „1“ од каде најмалку две селекции ќе се пласираат на ЕП 2024 во Германија.
„Ова е група во која ние теоретски треба да се бориме за првото место. Македонија е силен тим, а другите две екипи се подолу од нашето ниво. Затоа имаме две цели. Првата е да се пласираме на ЕП.
Втората, против Македонија да се бориме за првото место. Но, мораме да бидеме внимателни и со другите две екипи. Тие растат и се борат, иако често не успеваат да се пласираат на големите натпреваувања“, изјави селекторот на Португалија, Пауло Переира