Лазаров: Задоволни, но внимателни

Македонија, Португалија, Турција и Луксембург. Две од овие репрезентации, а можеби и три ќе се пласираат на ЕП 2024 што ќе се одржи во Германија. 
Македонија според сите параметри би требало да биде патник за европскиот шампионат. 



Иако во октомври почнуваме нова ера во македонскиот репрезентативен ракомет, реномето и рејтингот на противниците што ги добивме ни дава за право да кажеме дека Македонија е фаворит и очекуваме да се пласира на ЕП. 

Кирил Лазаров во октомври ќе биде само во улога на селектор. Планот за репрезентацијата за перидот пред веќе е подготвен, останува да се засукаат ракавите. 

„Мораме да бидеме реални и да кажеме дека сме задоволни од ждрепката..иако со нашиот менталитет и карактерни особони секогаш мораме да бидеме внимателни. Сепак, треба да лажеме дека ќе имаме фаворитска улога за пласман на ЕП во оваа група.
Медитеранските игри ќе ни послужат да испробаме и видиме играчи што би конкурирале за стартот на квалификациите, а тие се во октомври годинава. Нашата цел е да создадеме 20-25 квалитетни репрезентативци што би можеле да одговорат на обврските во кое било време и во која било ситуација“, изјави селекторот Лазаров. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk