ВАРДАР - ВЕСПРЕМ 22-30 (11-15)
Вардар: Томовски (10 одб), Дибиров 6, Талески 6, Стоилов 2, К. Њокас 2, Тото 2, Валчак 1, Георгиевски 1, Ѓукиќ 1, Диало 1, Чувара, Моралес, Гаџа, Додер, О. Њокас
Веспрем: Коралес (17 одб), Цупара (1 одб + 3 сед), Нилсон 8, Ненадиќ 6 ...
-
Вардар претрпе тежок пораз од Веспрем на првиот меч во Плеј оф на Лигата на шампионите. На домашен терен Вардар е поразен со осум гола разлика и практично е елиминиран од Лигата на шампионите.
Почнаа добро црвено-црните, имаа предност на стартот на натпреварот, но Веспрем носен на крилјата на голманот Коралес и евидентно повисокиот квалитет се врати во игра, а откако го наметна својот ритам на игра, поведе и со четири гола на полувремето (15-11).
На стартот на вториот дел, Вардар имаше период од 12 минути во кои не постигна гол, а погоди четири пати во конструкцијата на голот, направи и две технички грешки а и Коралес имаше во тој период неколку интервенции и резултатот отиде во плус седум за Веспрем (12-19).
По ова немаше назад за Вардар, Унгарците стигнаа и до плус 10 (23-13), па борбата беше да се избегне двоцифрен пораз. Во финишот одново беше (30-20), но со последниот гол Вардар се врати на минус од една цифра.
Филип Талески беше одличен во првиот дел во кој постигна 6/6, но во второто полувреме и тој не успеа да го разбуди тимот. Мартин Томовски имаше 10 одбрани и заслужи преодна оценка, Стоилов во периодот додека играше имаше 2/3.
Подвлечено, Веспрем е во моментов доста поквалитетен состав и нема по што да се жали. Очекувањата дека може да се направи подвиг беа на нереални основи, но има обврска кон одличните навивачи и двете ѕвездички на логото на реваншот да пружи поголема борба и достоинствено да ја заврши Лигата на шампионите.
foto> Denis Dukovski - rkvardar.mk