Стартуваме со Луксембург и Турција

Македонија уште во октомври би можела направи голем чекор кон пласманот на ЕП 2024. Потребни се две победи, а стартуваме на домашен терен. 




Среќата конечно беше малку на страната на Македонија, па во следниот квалификациски бараж ќе играме против Португалија која е голем фаворит и репрезентациите на Луксембург и Турција кои објективно се послаби од Македонија во овој момент, иако заслужуваат респект. 

Квалификациите ги почнуваме дома со Луксембург и на гости во Турција во октомврискиот циклус. Победиме ли на двете средби ќе бидеме на чекор до пласман, а потоа во вториот циклус на квалификации што ќе се игра на почетокот на март против Португалија на две средби би можеле да бркаме и прво место во групата. 

Квалификациите завршуваат на крајот на април кога ќе играме на гости во Луксембург и на домашен терен со Турција. 

1. Коло (12.10.2022)
Македонија - Луксембург
Португалија - Турција
2. Коло (15.10.2022)
Турција - Македонија
Луксембург - Португалија

3. Коло (08.03.2023):
Македонија - Португалија
Луксембург - Турција

4. Коло (11.03.2023)
Португалија - Македонија
Турција - Луксембург

5. Коло (26.04.2023):
Луксембург - Македонија
Турција - Португалија

5. Коло (30.04.2023):
Македонија - Турција
Португалија - Луксембург



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk