Македонија ги доби противниците за квалификациите за ЕП 2024 што ќе се одржи во Германија.
Македонија беше во вториот шешир и избегна седум силни репрезентации. Освен ова Шведска, Шпанија, Данска и Германија имаа обезбедено директен пласман. Но, во циклусот во кој за прв пат нема да сметаме на теренот на Лазаров и Миркуловски, должни сме респект кон сите , особено кон трите репрезентации што ни стојат на патот кон ЕП.
Македонија е во групата со следниве противници:
ПОРТУГАЛИЈА
МАКЕДОНИЈА
ТУРЦИЈА
ЛУКСЕМБУРГ
Формирани се осум групи со по четири екипи. Две репрезентации од секоја група директно обезбедуваат пласман на ЕП. Од вкупно осум тртопласирани, четири екипи, исто така ќе се пласираат на ЕП.
Квалификациите почнуваат во октомври, а ќе се играат до април 2023.